САГА ЗА ЦРВЕНИТЕБРЕГОВИ
д-р Миле Јакимовски
Кратка биографија

д-р Миле Јакимовски

д-р Миле Јакимовски е роден на 8 март 1967 година во Скопје, а основното и средното образование ги завршил во Куманово. Дипломирал на Шумарскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што подоцна ги завршил и постдипломските студии. Докторирал во областа на земјоделските науки на Факултетот за земјоделски науки и храна при истиот универзитет.

Во текот на професионалната кариера извршувал повеќе одговорни функции во државни институции од областа на земјоделството, шумарството и животната средина, меѓу кои помошник на министер, државен секретар и директор на Управата за животна средина. Денес работи во Дирекцијата на АД ЕСМ – Скопје, во Секторот за развој и инвестиции.

Автор е на повеќе стручни трудови од областа на шумарството и агроекономијата, како и на колумни и есеи објавени во македонски весници и портали.

„Сага за црвените брегови“ е негова прва книга, создадена од потребата да им се врати на семејните корени, спомените и крајот во кој ги поминал првите детски години. Преку приказните за луѓето, местата и времето што останало зад нив, книгата го поврзува минатото со генерациите што доаѓаат и се обидува да зачува нешто што инаку би можело да биде заборавено.

Од авторот

За успешноста на ова дело ќе дадете оцена вие, читателите.